Поранешниот градоначалник во два мандата на Свети Николе и поранешен македонски пратеник од редовите на Либералната партија, Слободан Даневски, на претстојните локални избори повторно ќе се кандидира градоначалник, но сега како независен кандидат, објави СДК.МК
Од канцеларијата на подрачното одделение на Државната изборна комисија (ДИК) во Свети Николе велат дека Даневски како независен кандидат за релативно кратко време ги собрал потребните 150 потписи.
Истовремено тој добил потписи и за неговата независна советничка листа за Советот на Општина Свети Николе, чиј број е 15 советници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.