Тоа што го гледавме како луѓе одат за Србија е како да сме народ без држава. Се спасува кој како може, глетката е како кога луѓето во 1992 година бегаа од војната во БиХ. Ова навистина е поразително за нас како граѓани да бараме спас во друго водство, изјави лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски во „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.
Јакимовски истакна дека власта воопшто не се потруди да го заштити здравјето на граѓаните и да набави вакцини и дека единствена работа на која се фокусирани се како да ги приграбат милијардите од задолжувањата за кои што никој не знае каде завршија.
„Што да пофалиме во справување со пандемијата? Се задолжија 1 милијарда и 600 милиони, а само 180 милиони искористија за справување со кризата, каде завршија останатите пари? Имате ли чувство дека владата е ставена на штедење? Не се потрудија малку да се потсоберат за кризата. Имаме лоши ефекти врз стопанството и лоши ефекти врз здравјето на луѓето, народот е исплашен“, истакна Јакимовски.
Додаде дека власта толку беше незаинтересирана да најде вакцини што дури не побара помош ни од НАТО чија сме членка како држава, иако да побаравме од секоја земја по 5.000 вакцини, Македонија ќе имаше 100.000 вакцини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.