Во моментов слетал авион од Брисел со македонски државјани, во кој има повеќе луѓе со симптоми на коронавирус, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференцијата во 19 часот.

Се прави скрининг на сите парници и тие што имаат симптони, ќе бидат однесени на Инфективната клиника за тестирање. Додека не стигнат резултатите, сите други патници ќе чекаат на аеродром, соопшти Филипче.

Во зависност од резултатите, рече министерот, е биде одлучено што ќе биде преемено со патниците од овој лет.

Дополнително ќе одлучиме дали за дел од патниците ќе биде дадена мерката за домашна самоизолација или ќе бидат во организирана изолација.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.