Премиерот Зоран Заев најави дека оставката на премиерската функција ќе ја поднесе во текот на наредната недела. Очекува по формализирањето на оставката во Собранието, неговиот наследник како нов премиер да биде Димитар Ковачевски, а првиот успех на Владата да е одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ.

Овие денови завршуваме со консултациите со коалициските партнери. Тоа што можам да го кажам е дека се заокружуваат важни процеси и програмски и владини и кадровски, така да ќе ја донесам одлуката некаде на почетокот на следната седмица и штом ја донесам веднаш ќе соопштам и кога точно ќе биде формализирана пред Собранието, изјави Заев за ТВ 24 кој во седиштето на СДСМ и формално му ја предаде лидерската фуннција на новиот претседател на партијата Димитар Ковачевски.

Тој смета дека не се потребни предвремени парламентарни избори за да може државата, односно економијата да расте и да се развива.

Земјата е со унапредено и зголемено парламентарно мнозинство кое во иднина има сериозни амбиции да јакне, а тоа ќе биде охрабрено со сите следни успеси и предизвици кои ќе ги совладува новата енергија и новата надеж под раководство на СДСМ, а со тоа и новата Влада навистина да дадат едно освежување кое не само што ја потврдува нашата обврска да му дадеме на нашиот народ, на нашата економија и држава еден две и полгодишен период без избори за да може да расте, да се развива да ги ползуваме економските бенефити од сите големи политички одлуки кои се донесени. Затоа што сите големи политички одлуки беа заради поголем економски стандард на граѓаните исправени пред овие кризи кои ќе траат сигурно до пролетта и пандемијата и енергетската криза и тоа само по себе потврдува дека државата треба да има редовни избори во 2024 и знам и верувам дека СДСМ повторно ќе победи, рече Заев.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.