Идната недела се очекува да заврши вакцинацијата на останатите приоритетни групи од т.н. критична инфраструктура – луѓе кои имаат многу контакти во работата. Во најголемиот пункт, салата „Борис Трајковски“, од понеделникот со вакцини „Спутник“ се имунизираат припадници на војската и полицијата, здравствени работници, наставници од прво до трето одделение и воспитувачи во градинките.
Следната недела треба да бидат вакцинирани вработени во обвинителството, судовите, инспекциските служби, новинарите и медиумските работници.
Паралелно тече и вакцинацијата на лица над 77 години со вакцината „Астра Зенека“ во пунктовите во здравствените домови низ земјава. Како ќе стигнуваат нови дози, ќе се спушта и старосната граница за да бидат имунизирани што поголем број граѓани и да се достигне опфат од 60 до 70 отсто за колективен имунитет.
Минисетрот за здравство, Венко Филипче, изјави дека треба да се вакцинира секој, без разлика дали има или нема антитела и дали корона вирусот го поминал со или без симптоми.
Три до четири месеци по прележана болест треба да се вакцинира. Има различни препораки дали треба само со една или со две дози, тоа варира од вакцина до вакцина. Здравствените работници тоа го следат и согласно со тоа, тие ќе вакцинираат. Тоа е единствен начин да се смени сликата на епидемијата – изјави Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.