Засега нема најава за рестриктивни мерки на границите.
За конкретни наши евентуално препораки ќе разговараме оваа недела на состанот на Комисијата за заразни болести. Тоа што се уште не се знае, а чекаме да излезат публикации се информациите кои ни требаат во врска со тежината на клиничката слика односно да видиме како се однесува овој вирус кај луѓе кои се или не се вакцинирани. Затоа акцент ставаме на вакцинацијата. Апелираме што поголем број граѓани да се вакцинираат поради тоа што после оваа мутација може да дојде некоја друга – изјави министерот за здравство Венко Филипче.
Тој посочи дека Комисијата ќе разговара за тоа дали треба нешто да се препорача во однос на критериумите за влез на границите, иако во многу земји во регионот покрај тоа што имаат некакви рестриктивни мерки, како во Грција на пример, имало пораст на заболени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.