Премиерот Зоран Заев попладнево изјави дека разговорите со Алтернатива продожуваат идната недела.
Заев вели дека одлуките се носат на органите и телата на партијата. Тој денеска се сретна со лидерот на Алтернатива, Африм Гаши.
Се отворија неколку проблематики, затоа останува за време на викендот, да размислиме“, рече Заев.
Премиерот вели дека не е време за избори, и дека е чесно да се остават 2 и пол години да се работи. Заев рече дека сите треба да мислиме на европската иднина на Македонија.
Гаши рече дека сакале да го видат концептот на Заев, и кои би биле следните чекори во евроинтеграцијата.
Република Македонија е исправена пред многу важен момент а тоа е очекувањата во декември конечно да ја оствариме големата цел, долгогодишното ветување од ЕУ, започнување на преговори за влез во Унијата и да ја закажеме првата меѓувладина конференција, изјави премиерот Зоран Заев по денешната средба со лидерот на Алтернатива Африм Гаши.
Тоа е нешто кое мора да биде одговорност на сите во државата, затоа што не би сакале Република Македонија да остави изговор пред ЕУ дека сме нестабилни и не се знае кој е парламентарно мнозинство во услови кога ќе се носат големите одлуки, рече Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.