Раното откривање на болеста е битно за да не се оптовари здравствениот систем, рече денеска на прес-конференција во Владата министерот за здравство Венко Филипче, кој објави дека се прават скрининзи во Дебар, Струга и Скопје.

Раното откривање, скрининзите по епидемиолошки индикации, како што веќе почнавме да правиме во Дебар, сега во околината во Струга, овие денови се прави планот и за некои населби и региони во Скопје и во други градови, согласно податоците кои ги имаат епидемиолозите, е многу битно за да се откријат што порано случаите за да не го оптоварат здравствениот систем и тоа понатаму да предизвика проблеми и компликации во лекувањето и неможност да се справуваме со овој проблем, рече Филипче.

Според него, масовен скрининг не значи дека целото население ќе биде тестирано, туку дека ќе се уловат групите луѓе кои можеби се во фаза на инкубација.

Филипче уште еднаш ги повтори пораките, а ти се: сите да се придржуваат до мерките за превенција, да не се излегува без потреба, да се држи дистанца, често да се мијат рацете.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.