Двојните стандарди на кадрите на СДСМ станаа секојдневие. Познато е дека тие како ѓавол од крст бегаат од нашето довчерашно уставно име, но има и исклучоци.
Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Славјанка Петровска, заедно со државниот секретар во МВР, Магдалена Несторовска и директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски денеска го посетија граничниот премин “Богородица. Во таа прилика Петровска даваше изјава пред пано на кое стоеше дека тоа е „Министерство за внатрешни работи на Република Македонија“.
Прашуваме дали техничкиот министер Оливер Спасовски ќе ја разреши неговата сопартијка како што беше случај со министерката за труд и социјала, Рашела Мизрахи, која за истата причина беше разрешена непосредно пред распуштањето на Собранието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.