Изјавата на Заев дека можно е да не се случат изборите на 12 април според професорот Трајко Славевски е уште едно алиби кое што граѓаните го слушаат во изминатите три-четири години. Тој во емисијата “24 анализа” на 24 Вести на тема “Што се случи во економијата за време на владеењето на СДСМ и што ќе се понуди ново” истакна дека граѓаните треба да се потсетат за периодот до изборите во 2016-та година, кои дојдоа по две одложувања по барање на тогашната опозиција на Зоран Заев и СДСМ.
Кога беа сигурни, до некаде, дека преку изборен инженеринг ќе можат да постигнат каков таков резултат, дури и да изгубат со два пратеника разлика тие прифатија избори-смета професорот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.