Трајко Славески, поранешен министер за финансии и сегашен член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за „Ал Џезеира“ го опиша Преспанскиот Договор како пораз за Македонија.

Договорот претставува чиста капитулација според неодговорните барања на соседна земја, и членка на НАТО и ЕУ, и како таква не може да биде поддржана”, изјави Славески за Ал Џезира.

За Славески тоа не е само прашање на легитимитет туку и за наследство и идентитет.

Името на државата, а згора на тоа, идентитетот, културата и историјата на нејзиниот народ се менуваа под огромен притисок, со бројни прекршувања на нашиот устав и законите. Ова ги поткопува самите темели на нашата земја и општество, со сериозни последици за нашата иднина “, тврди Славески.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.