Тука сме да изразиме со овој протест несогласување со македонскиот врв, особено со премиерот Зоран Заев којшто ја задира сржта на македонскиот идентитет – посочи на денешниот протест во Битола организиран од ВМРО-ДПМНЕ професорот Трајко Славески.

Според него несогласувањето е што и по нивните барања за средба, запознавање за тоа што се преговара, со кого се преговара, до тоа не дојде. Спорд него тоа е сосема некоректно.

Ние сме тука заедно со граѓаните на Битола да кажеме дека ова не смее да помине, ние сме Македонци, македонскиот идентитет е таков со векови, македонскиот јазик е одамна признат и никакво негирање нема да прифатиме ниту од претставниците на Република Бугарија, најмалку од нашите избраници, затоа што некој ги избрал, кои што во овој случај се на границата на предавство – вели професорот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.