Скринингот на учениците за присуство на вирусот на Ковид-19 ќе почне следната недела, со задоцнување од една недела поради подолгото траење на анализата за опфатот на учениците во основните и средните училиштата.

Моделот за скринингот е готов. Задоцнивме една недела, требаше да почне оваа недела, но нешто подолго потраја анализата на учениците по училишта, во осоновни и во средни. Со оглед дека сега е подготвена методологијата, од утре ќе почнеме да бараме заедно со МОН писмена согласност од родителите согласно методологијата. Јас верувам дека до крајот на оваа и почетокот на следната недела тоа ќе се обезбеди за да во текот на следната недела и практично се спроведе скринингот – изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој изјави дека се знае колкава бројка во кој од класовите во кои училишта ќе бидат опфатени согласно бројката на училишта во општините и ученици во тие училишта, и основни и средни. Верува дека тоа брзо ќе се спроведе бидејќи ќе се прави преку електронскиот дневник како и поради можноста на родителите веднаш да одговорат.

Апелирам да го прифатат скринингот. Не е тоа ништо страшно, се зема опбичен бриз кај децата, исто како брисевите за детектирање и на други причинители на горнореспираторни инфекции со цел за пократко време да имамаме еден пресек, една слика. Сега епидемиолошката ситуација е прилично мирна, немаме заболени деца, немаме хоспиталиизрани деца. Десетина до 15 деца се во болницата во Козле и во ниту една друга институција. Нема податоци за ниту една друга трансмисија во училиштата, но битно е да знаеме дали еветуално би откриле асимптоматски носители на вирусот кај децата – изјави Филипче.

Целта на скринингот, како што минатата недела изјави Филипче, е да се утврди дали постојат асимптоматски носители на вирусот меѓу децата и дали тој се пренесува во самите училишта. Со скринингот треба да се опфатат околу 8.200 деца, кои ќе се тестираат по случаен избор, за што ќе се бара и писмено одобрение од родителите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.