По добиените податоци за тоа дека неколку дена по ред нема нови случаи на заразени од коронавирусот во општините Дебар и Центар Жупа во тек е скрининг на теренот преку матичните лекари, изјави попладнево Венко Филипче.

Направен е целосен распоред на активности на матичните лекари за скрининг на граѓаните, на новодијагностицирани пациенти за антитела и да се види евентуално стекнатиот имунитет. Овие податоци ќе бидат многу значајни за натамошните испитувања – изјави Филипче.

Министерот информираше дека од досега добиените резултати од тестовите извршени на сите во истражниот затвор во Шутка нема ниту еден позитивен тест. Таму биле направени интензивни клинички прегледи во сите блокови на објектот, детално била анализирана состојбата и засега нема други позитивни, но се чекаат резултатиите од тестирањата извршени на уште неколкумина затвореници и вработени лица.

Досега се заболени вкупни 122 здравствени работници, а од нив седумина се оздравени. Вкупната бројка на заболени лица е 908.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.