Претседателот Стево Пендаровски во вечерашното интервју на телевизија 24 побара да се повикуваат на одговорност раководните лица на институциите кои треба да постапуваат по случајот „Јавна соба“.
-Јас пред некој ден примив дел од жрвите на Јавна соба, кои биле жртви уште во првата група, кои рекоа дека пријавиле уште во март. Тоа значи дека безмалку една година им требаше на институциите да реагираат како што треба. Треба да се прашаат тие институции кои постапувале аматерски, лошо. Станува збор за потенцијални неколку илјади жртви. Единствен начин е да профункционираат работите, е да почнеме да ги посочуваме лицата кои се одговорни во институциите со име и презиме и да ги повикаме на одговорност. Одговорноста има име и презиме, вели Пендаровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.