Излезноста до 17 часот на денешните предвремени парламентарни избори изнесува 38.78% соопшти предмалку Државната изборна комиија.
За споредба, на предвремените парламентарни избори во декември 2016 година излезноста до 17 часот изнесувала 60,38 отсто од регистрираните гласачи.
2016/2020
ИЕ1 66,38% / 41.07%
ИЕ2 59,76% / 36.98%
ИЕ3 64,89% / 43.85%
ИЕ4 67,15% / 43.99%
ИЕ5 58,46% / 38.21%
ИЕ6 46,82% / 29.60%
Излезноста до 17 часот во 2016 година била повисока за седум проценти во однос на истата на претходните парлментарни избори.
Според претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски, имајќи ја предвид специфичноста на овие избори кои се одвиваат во посебни услови поради коронавирусот, излезноста е доста добра. Исто така, за разлика од сите претходни избори досега кога се гласаѓе заклучно 19 часот, денеска граѓаните ќе може да го остварат своето гласачко право до 21 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.