Според последните бројки од Министерството за здравство за состојбата со коронавирусот во Македонија, најмногу активни случаи во моментов има во Скопје и во Тетово, каде се забележани 58, односно 38 заболени во моментов.

Во Кичево активни случаи има 13, додека Куманово и Охрид имаат по 11 случаи. Битола има 6, а Струмица и Прилеп имаат по 5 активни случаи.

Десет нови случаи на коронавирус се регистрирани во последното деноноќие, објави Министерството за здравство. Во тие 24 часа се направени 2.960 тестирања, а новите случаи се во три града. Во Скопје – 5, Тетово – 4 и Битола – 1.

Регистрирани се 5 оздравени пациенти, но и еден починат кој е од Струмица. Имал 64 години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.