Министерството за здравство информира дека во изминатото деноноќие во македонија починале 10 нови пациенти болни од Ковид-19. Деветмина од нив починале во болнички услови, додека еден во во Дом за стари лица во Скопје.
Најмладиот меѓу починатите е пациент од Скопје на 47-годишна возраст, а има и гостиварец на 51 и пациент од Струга на 55-годишна возраст.
Половина од починатите забележани во извештајот на министерството за здарвство се од Скопје, додека по едеен починат има во Струмица, Струга, Прилеп, Охрид и Гостивар.
Во последните 24 часа има 302 новозаразени со Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 92193, а бројката на починати е 2841.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.