Облека во црна боја, фустан или здолниште со едноставен крој, кој мора да ги покрива колената, рацете и рамениците. Препорачливо  е да се носи црн вел преку главата, доколку е жешко, тој можа да ги прекрива само рамената. Накитот, ако се носи, мора е дискретен. Ова е официјалниот дрескод за жените, кој мора да се почитува доколку остваруваат средба со Папата.

Единствените исклучоци од овие правила на облекување се неколку католички принцези во светот, седум на број, на кои им е дозволено да носат бела боја при средбата.

Исто така, дозволено е Папата да се пречека во народна носија од земјата која ја посетува.

Сè останато се смета за непочитување.

Сепак, папата Франциско при неговата прва, историска посета во нашата земја во претседателската резиденција „Вила Водно“, беше пречекан од целиот државен врв и од сè уште актуелната прва дама, Маја Иванова.

(фото: МИА)

За оваа прилика, Иванова одбра црна облека, но прекусо здолниште. За несреќа, хулахопките на првата дама не издржаа и пукнаа под притисокот, што резултираше со пречек на Папата со отскриени колена и скинати чорапи.

За потсетување, при нивните средби со Папата, првите дами на САД, пример, секогаш се појавувале пред него строго почитувајќи го задолжителниот дрескод.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.