Менувањето на ставови на Заев за оддржување лидерска средба создава несигурност и проблеми кај граѓаните, неговите навреди и лаги кон мене ќе доаѓаат од човек амнестиран за криминал, вели меѓудругото лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски во видео обраќање до јавноста.

Станува секому јасно дека Зоран Заев бега од проблемите што ги мачат граѓаните а кој што тој и влада која што ја предводи ги создаваат. Ниту почит ниту грижа има за нив. Факт е дека има проблеми со економијата која е во рецесија. Исто така факт е дека има проблеми со ковид здравствената криза. До вчера славеа по рестораните и оддржуваа избори, денес воведуваат рестриктивни мерки. Исто така факт е дека има проблеми со Бугарија, која што впрочем го докажува ветото кое го заработија.
Најпосле факт е дека Заев има проблем со владата, внатре во самата влада со коалициските партнери, но исто така и внатре во неговата партија. А најголем факт е дека владата е најголем проблем, изјави Мицкоски.

Лидерот на најголемата опозициска партија смета дека токму за овие теми треба да се разговара на лидерска средба, затоа што тоа е одговорно и граѓаните очекуваат да се најде решение за проблемите кои што постојат.

Вистински скандал е што Зоран Заев вчера кажува едно, а денес сосема друго. Вчера рече дека ќе свика лидерска средба ако тоа не го направи Пендаровски, а денес го промени мислењето. Овој човек за се и сешто менува ставови. Што ги доведува граѓаните до сериозно чувство на несигурност и ваквото однесување навистина создава проблеми, рече Мицкоски.

Според Мицкоски, менувањето на ставовите всушност е најголема потврда дека проблемите кои тој ги споменува постојат.

Сосема на крај гледам нервозно, со навреди и лаги се обраќа кон мене, како што впрочем тоа го прават постојано, и додека тој тоа го прави со невистини, јас само ќе констатирам познат и вистинит факт дека Зоран Заев е амнестиран за криминал. Сосема на крај сакам да заклучам, кога изворот на сите проблеми е Зоран Заев, решението е тој да си замине, кажа Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.