Иако најстрого е забрането мешањето на извршната власт во одлуките на судската власт, сепак власта очигледно не го почитувала тоа. „Курир“ објави документи кои покажуваат директно мешање на извршната власт во судска одлука.
На документите испратени од Владата, поточно од Канцеларијата на Претседателот на Владата на трети јуни 2019-та година кога премиер беше Зоран Заев до Судскиот Совет како предмет е наведено „Проследување на претставка во Ваша надлежност за запознавање или понатамошно постапување“.

Во истиот документ е посочено дека се проследува документ до Судскиот Совет поради како што е нагласено „сериозноста на претставката“ на понатамошно постапување, а Владата очекува од Судскиот Совет во рок од 7 дена од нивното постапување копијата од одговорот на странката да биде доставен до канцеларијата на Претседателот на Владата.Предметот по кој власта испраќа „сугестија“ до Судскиот Совет е одлука на Апелацискиот Суд Скопје, објавува „Курир“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.