„Сите кои му слугуваат на Заев, треба пред себе да ја имаат сликата на Катица со ќулавката, така ќе ги пушти низ вода за да се задржи таму каде што е“. Оваа извајва на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, најавите дека наското ќе се чуе кој од Владата го предупредил Боки 13 за „Рекет“, а во исто време пуштањето во употреба на финансиската алатка Отворени финансиии и влезот на Вилма Рускоска во СЈО ја ревитализира темата дека структури на врвот од власта се длабоко вткаени во најголемата корупциска афера во поствоена Македонија.
Ќе изгори ли Зоран Заев од сопствената црвена линија или пак од неа ќе направи заштитен обрач околу себе, ќе ги изгори сите, како што го стори тоа со Катица Јанева и ќе излезе негибнат од овааа приказна? Колкава ќе биде улогата на обвинителката Вилма Рускоска во спасувачката мисија?
Ние велевме Катица Јанева не чини, Катица Јанева злоупотребува позиција, Катица Јанева е корумпирана, они велеа таа е нашата црвена линија, за да денеска гледаме како ја пуштаат низ вода. Сите оние коишто денеска му слугуваат на Зоран Заев треба да ја имаат секогаш пред очи сликата на Катица Јанева со ќулавката како ја внесуваат во куќен притвор. Сите така ќе завршат. Сите е подготвен да ги пушти низ вода, само да остане таму каде што денеска се наоѓа, обвини Христијан Мицкоски во ТВ-интервју.
Дали пуштањето во употреба на финансиската алаткаа Отворени финансии е дел од мастер планот на премиерот во заминување Заев да го изгори СЈО и да им метне ќулавка на сите обинители токму сега кога се погласно се зборува дека парите кои Катица Јанева ги делела со своите обвинители, роднини и пријатели го надминуваат буџетот на СЈО.
Финансиските истражители уште сега при самиот попис и опис на документите имаат најдено криминал во финансиските книги на СЈО. Меѓу останото, дека парите кои Катица Јанева ги делела со своите обвинители, роднини и пријатели го надминуваат буџетот на СЈО! Ова значи дека вишокот пари кои се делени, а се работи за големи цифри од стотина илјади евра годишно просечно по обвинител, делумно се и од непознато потекло! Први претпоставки се дека тие пари се од дипломатски извори и, или, од владини и партиски извори за да се делат помеѓу обвинителите и истражителите кои одработувале за интерес на извршната власт и партиите кои ја сочинуваат. Од тие мистериозни пари плаќани се и новинари, роднини на судии, роднини на директори на затвори и на партиски функционери од сегашната власт. Сосема е извесно дека може да се очекуваат нови истраги за некои од обвинителите во СЈО кои знаеле за приходите на СЈО и, исто така, по службена должност знаеле дека не може да примаат по сто илјади евра екстра приходи годишно без оглед што се труделе тоа да го маскираат со правни образложенија, анализира порталот Вечер, користејќи информации од свои извори.
Во оваа насока е и изјавата на Мицкоски, кој вчера потсети дека уште во јануари ВМРО-ДПМНЕ барала да се формира комисија за да се изврши ревизија за работењето и трошењето на СЈО, бидејќи имале сознанија дека има злоупотреба. Тогаш СДСМ обвинуваше дека на тој начин ВМРО-ДПМНЕ бара амнестија, за денес да се сложи со тоа.
Мицкоски е убеден дека зад „црвената линија“ на Заев и упадот на Рускоска во СЈО стои токму вистината дека СЈО му било алатка за корупција и криминал.
Почнавме преговори за Законот за јавно обвинителство, но црвена линија беше Катица Јанева. По лидерската средба Зоран Заев излезе и рече Јанева не ја даваме, односно рече јас стојам зад нејзиниот интегритет и професионално искуство и таа е нашата црвена линија и тука нема поместување. Ја предложија како републички обвинител, односно заменик на Јовевски во таа првична верзија од законот. Ние укажувавме дека тоа не е во ред. Имаме индиции дека жената ја злоупотребувала службената положба. Ни велеа тоа е нашата црвена линија. Но, еве излезе дека тоа што сме го зборувале, било точно, потсети Мицкоски.
Дека има злоупотреби со хонорари, плати и исплати на помошниците на Катица Јанева ВМРО-ДПМНЕ, исто така предупредуваше и пред и на лидерските средби, кога не дозволи да помине предлогот на СДСМ сите обвинители од СЈО по истекот на мандатот на специјалното обвинителство да преминат во новоформираното обвинителство за висока корупција и организиран криминал.
Тогаш им велевме, луѓе немојте, имаме индиции дека има злоупотреба и еве денеска гледаме влегуваат таму органите на прогон да вршат истрага и да видат како биле исплаќани тие хонорари, зошто биле исплаќани итн. Практично ние сега гледаме зошто Зоран Заев се трудел да ја задржи таа институција, тоа им било огромна алатка за корупција, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во ТВ-интервју.
Поткрепа на овие сомнежи даваат и неумесните изјави на премиерот во заминување Зоран Заев, кој за пред јавноста не гледа ништо спорно во огромните надоместоци за СЈО.
Сите знаеме дека специјалните јавни обвинители добиваа поголема плата за некои 300 до 500 евра, не знам колку е поголема платата од другите јавни обвинители заради тоа што сериозно презедоа и одговорност и преку додатоците за чувањето на самите материјали коишто носат своја дополнителна одговорност во целиот тој дел. Нема да дозволам да се фрли негативно петно врз јавните обвинители. Постои истрага за државниот специјален јавен обвинител, но за другите не е коректно и треба да се праша да ги кажат сите детали и целата анализа кој е тој дел што е примен како надоместок во делот на додатокот, за сигурност на материјалите за сериозност или за доверливост, и која е вистинската номинална нето плата која што ја земале специјалните јавни обвинители, рече премиерот во заминување по потпишувањето Меморандум за соработка со швајцарската амбасадорка Сибил Сутер Техада за Проект за поддршка на изборите реформи.
Според базата на Министерството за финансии, без износот за плати, вкупната сума за бонуси на обвинителите од СЈО надминува над 700 илјади евра, а највисоката е на тогашната шефица Катица Јанева, 137 илјади евра. Дел од сека поранешните обвинители во СЈО кои не сакаа јавно да коментираат велат дека само Јанева ја имала можноста да одлучи кој колкав бонус ќе земе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.