Oбвинителката од Специјалното јавно обвинителство Ленче Ристоска придружувана од колегите обвинители, порача дека постапките на поединци не смеат да го загрозат интегритетот на постапките на ова обвинителство. Ристоска се обрати во име на целиот персонал на СЈО. Кажа дека денеска нема стапено во контакт со Катица Јанева, а за нејзината оставка, вработените во СЈО дознале во исто време кога таа да се објави во јавноста.
„Денес не стојам овде само во лично име. Стојам во име на сите обвинители, Рустеми, Донев и Фетаи кои се на годишен одмор. Стојам и во име на целиот истражителски тим на СЈО и на стручната служба. Сакам да Ве уверам сите дека наш примарен интерес е зачувување на интегритетот и дека секогаш како вработени сме постапувале согласно законските прописи и сме се труделе да бидеме на ниво на задачата. Ние стоиме зад работата која сме ја завршиле до сега, Ве уверувам дека сите постапки не се доведени до прашање од причина што нашите постапувања во нив биле во рамки на законските прописи. Сакам да Ве информирам дека ние внимателно ги следиме случувањата и се разбира дека изразуваме голема загриженост, но сепак апелираме да се почитува презумпцијата на невиност. Сакам да потенцирам дека се придружуваме на повикот на јавниот обвинител секое лице да пријави криминални активности, и ги поздравуваме ваквите активности да ги истражат“, изјави Ленче Ристоска – обвинителка во СЈО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.