Специјалното јавно обвинителство (СЈО) преку соопштение потврди дека Катица Јанева, која е во притвор во „Затвор Скопје“ побарала кривичните предмети во судење, истрага и предистрага да се предадат во Јавното обвинителство.

Претходно објавивме дека притворената специјална обвинителка Катица Јанева, која се наоѓа во истражниот затвор во Шутка испратила писмо – Наредба до Специјалното обвинителство во рок од три дена сите случаи да му ги предаде на Јавното обвинителство.

Во текот на вчерашниот ден до ова Јавно обвинителство од страна на Основниот кривичен суд Скопје доставено е полномошно кое Катица Јанева преку КПУ „Затвор Скопје“ го доставува до ова Јавно обвинителство. Со полномошното Јанева ги овластува обвинителите во ова Јавно обвинителство да ги предадат на Јавното обвинителство на РСМ предметите кои се водат во ова Јавно обвинителство и тоа: кривичните предмети во судење, во истрага и во предистрага.

Имајќи го предвид законот за СЈО и одредбите за автономија на Обвинителството, во текот на денешниот ден ќе биде испратен допис до Јавното обвнителство на РСМ со цел запознавање на Јавниот обвинител на РСМ со ваквото полномошно, по што ќе биде донесена одлука за евентуално понатамошно постапување, се вели во сооптешнието на СЈО.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.