не добило писмо од Јавното обвинителство

СЈО: Неизвесна е иднината на вработените, архивата и материјалите

Македонија 10.09.2019 / 13:24

Сѐ уште немаме добиено писмен допис од страна на Јавното обвинителство за да можеме да известиме дали и како ќе се постапува со предметите на ова Јавно обвинителство, соопштија од Специјалното јавно обвинителство на нивната интернет страница.

Соопштението на СЈО само е уште една потврда за хаотичната ситуација во која се најде не само СЈО туку и предметите кои ги застапува, но и доказите кои ги има.

Воедно, во оваа прилика сакаме уште еднаш да ја изразиме нашата загриженост поради фактот што до овој момент ниту е избран јавен обвинител кој ќе ја замени Јанева, ниту пак е донесено ново законско решение со кое што ќе се регулира статусот на ова Јавно обвинителство. Потсетуваме дека мандатот на СЈО е до 15 септември 2020 година, до кога продолжуваат работниот однос на вработените во Обвинителството и тековните обврски на институцијата. Отсуството на регулатива за тоа што ќе се случува со вработените, тековните обврски, архивата и материјалите со кои располага Обвинителството, во ситуација кога нема раководно лице на институцијата, ќе доведе до реални проблеми во остварувањето на правата од работен однос на вработените лица и намирување на обврските на институцијата, а воедно ќе отсуствува и контрола на спроведувањето на безбедносните процедури поврзани со сите материјали со кои располага Обвинителството.

Ова соопштение потврдува дека тимот обвинители не ја смета за валидна наредбата на специјалната обвинителка Јанева предметите СЈО да му ги предаде во надлежност на ЈО.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.