Специјалното јавно обвинителство не значи дека е уставно само поради фактот дека е изгласано во Собранието, изјави вечерва Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ кој гостуваше во емисијата „360 степени“ на телевизијата „Алсат“.

Тоа не значи дека тоа што се изгласало во парламентот е уставно, јас знам многу закони кои се изгласани во парламентот обжалени и се покажани како неуставни, рече лидерот на опозицијата.

Мицкоски кажа дека и Уставниот суд не се преознесол по ова прашање и дека таа информација веројатно седи некаде во фиока.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.