СЈО им исплатило хонорари на двајца сведоци предложени од обвинителството во предметот “Таргет Тврдина”. Тие извршиле работен ангажман за СЈО и за тоа им биле исплатени 2,000 евра и 22.000 евра. На денешното рочиште адвокатите на Мијалков, Јанкуловска и другите обвинети во предметот за масовното прислушување реагираа на состојбата.
Едниот сведок на денешното рочиште во “Таргет Тврдина” потврдил дека бил ангaжиран од СЈО, другиот веќе сведочел минатата недела но адвокатите отпосле дознале преку порталот Отворени финансии дека и тој добил паричен надоместок.
Судиите побарале од нив дополнителни информации за овие сведоци па ќе одлучат дали нивните сведочења ќе бидат дел од доказниот материјал. Преседан е за сведоци да бидат предлагани лица кои претходно биле анажирани од СЈО и за тоа добивале парични надоместоци обвинува одбраната.
Направен е преседан согласно законот за кривична постапка сведоците не смеат да бидат во клиентски однос со обвинителството тоа го става сведокот во неприроден однос во кој е задожен да зборува во корист на ЈО спротивно на тоа што законот бара да каже тоа што знае и слушал, рече адвокатот Петар Василев.
За обвинителството нема ништо спорно ниту незаконски затоа што ангажманите и исплатите за сведоците не биле конкретно за предметот “Таргет Тврдина”
Двајцата сведоци имале работен ангажман со СЈО во врска со транскрипција и превод на преслушувани разговори но нивниот ангажман нема никаква поврзаност со конкретниот предмет “Таргет Тврдина”, каде се повикани како сведоци. Не постои реална законска пречка да не бидат сослушани во својство на сведоци, тврдат од обвинителството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.