Дали на кревкиот првосуден систем, сериозно подриен од случајот „Рекет“ му е потребен уште еден скандал? Со нарушено психичко здравје разрешената специјална обвинителка Катица Јанева издава наредби од затворот „Шутка“ по кои постапуваат незиниет заменици од Специјалното јавно обвинителство, но и републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески.
Адвокатката на Катица Јанева Ирена Фрчкоска во интервју за ТВ 21 потврди дека здраствената состојба на Катица Јанева е влошена. Во затворот во „Шутка“ била доставена и лекарската документација на Јанева со цел здравствениот персонал да определи соодветна терапија.
Неколку дена пред интервјуто на Фрчкоска Јанева од затворот испрати три дописи на Јанева, со кои таа дава согласност за преземање на предметите на СЈО од редовното обвинителство, кои беа прифатени со резерва, а изјавата на Фрчкоска дополнително ја усложнува ситуацијата и го става под голем прашалник легитимитетот на наредбите издадени од Шутка.
Писмата, кои специјалната обвинителка Катица Јанева ги испрати од притвор до ЈО и со кои таа дава согласност за преземање на предметите на СЈО од редовното обвинителство, се легитимни, тврди републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески. Според него, печат не можело да имаат, зашто Јанева се наоѓа во притвор. Меѓутоа, секое лице во притвор може да комуницира со кого сака, а во случајот коресподенцијата на Јанева со СЈО и ОЈО се одвивала преку судија на истражна постапка.
Јовески објасни дека дописите се напишани на рака, а не како што го обвини професорот по кривично право Гордан Калајџиев дека едно од писмата на Јанева е напишано на компјутер, а таа со рака нешто допишала.
Дел од обвинителите на Специјалното јавно обвинителство ми кажаа дека писмото на Катица Јанева за предавање на предметите на СЈО на ЈО било пишувано на компјутер и на рака. Кој тоа ѝ го дал на Јанева писмото напишано на компјутер, на кое таа со рака нешто допишала? За овој скандал треба да се формира собраниска комисија која ова треба да го испита, изјави Калајџиев.
Опозицијата гласно се спротивстави на легитимноста на овие писма, прашувајќи што ако Јанева од „Шутка“ издаде налог за апсење на Зоран Заев, на пример, дали Јовески ќе постапи по тој налог.
Начинот на којшто се врши префрлањето на предметите од СЈО во ЈО со писмо од притвореник кој управува со еден ваков многу важен материјал е апсолутно бесмислено. Замислете притвореничката во моментот да издаде налог за апсење на Зоран Заев. Дали треба да се спроведе, рече портпаролот Наум Стоилковски на прес-конференција.
Како поткрепа на ова доаѓа и тврдењето на Фрчкоска дека Јенва е со влошена здравствена состојба. Како тогаш да се смета дека писмото кое таа го испратила е веродостојно и колкав е легитимитетот на писмо напишано до лице со Јанева нарушено психичко здравје.
За предавањето на предметите од СЈО адвокатот Еленко Миланов смета дека тоа не е нешто што може да се стори ниту преку ноќ ниту преку колено. Тој оценува дека тоа воопшто не е едноставна работа. За некој да може да ги предаде тие предмети, треба да поднесе записник за примопредавање.
Адвокатката Сања Алексиќ потенцира дека во согласност со Законот за СЈО никаде не е предвидена можност јавниот обвинител кој раководи со СЈО да ги делегира предметите на ОЈО.
Апсурдот да биде поголем, преземањето на предметите се прави по наредба на јавен обвинител притворен токму под сомнение дека ја злоупотребил службената положба за да оствари имотна корист, токму во врска со преземање кривично гонење, вели таа.
На притворено лице му се ограничени правата и мерката притвор како најстрога ги апсорбира ограничувањата опфатени со други поблаги мерки за обезбедување присуство вклучително и „забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело“.
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев ги цитира ставовите на кривична одговорност:
Јовески врши кривично дело согласно член 353 ставoви 1, 2 и 3 од Кривичниот законик, каде што се вели:
“(1) Службено лице кое со искористување на својата службена положба или овластување, со пречекорување на границите на своето службено овластување или со неизвршување на својата службена должност ќе прибави за себе или за друг некаква корист или на друг ќе му нанесе штета, ќе се казни со затвор од шест месеци до три години.
(2) Ако сторителот на делото од став 1 ќе прибави поголема имотна корист или ќе предизвика поголема имотна штета или потешко ќе ги повреди правата на друг, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.
(3) Ако сторителот на делото од став 1 прибави значителна имотна корист или нанесе значителна штета, сторителот ќе се казни со затвор најмалку три години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.