Македонија најлошо се справува со пандемијата во регионот, а тоа го кажуваат и бројките кои секојдневно се се полоши а надлежните се несериозни и неажурни кога станува збор за мерките кои треба да се менуваат во зависност од влошувањето на ситуацијата која за жал секој ден станува се по алармантна. Застрашувачки е и бројот на лица кои ја губат битката со КОВИД-19 и нивната возраст. Во септември кога имаше по 5 починати во еден ден Филипче најави дека поради зголемената смртност кај пациентите со Ковид-19 се прави анализа за да се испита за што се работи но резултатите од таа анализа не беа објавени.

-Точно е дека последните денови е зголемен бројот на починати како последица на ковид-19, и тоа последниве три дена. Претходно процентот беше 6,5, сега е некаде 8. Правиме анализа, не сакаме да дозволиме да имаме преполни болници. Таа анализа ќе заврши на почетокот на следната недела и ќе можеме да кажеме на што се должи и дали треба дополнително нешто да се преземе, изјави тогаш Филипче.

Сега кога има дури и по 40 починати, никој од надлежните не излегува барем да го крене овој проблем на повисоко ниво и да се утврдат причините за големиот број на починати пациенти кој е највисок во регионот. Уште колку треба да починат за да се сменат протоколите за лекување кои очигледно не функционираат а со тоа се губат човечки.

Друг проблем кој укажува на тоа дека состојбата со пандемијата не е таква како што сакаат да ја прикажат надлежните туку дека е многу по загрижувачка е и тоа што истата не се следи. Пациентите се жалат дека дури и ако ги имаат сите симптоми на коронавирус не можат да дојдат на ред за тест, па така дел од нив оздравуваат и се борат со вирусот во домашни услови додека го чекаат тестирањето. Но, поголем броблем во целата оваа ситуација е прашањето дали во меѓувреме на нив, иако е очигледно дека се заразени со вирусот некој им забранува да се движат кај сакаат, да не се спомнуваат и нивните членови од семејството или нивни претходни контакти кои исто така можат да бидат позитивни а притоа наместо во изолација си продолжуваат со секојдневните обврски и преставуваат огромен ризик за нивните потенцијални контаксти. Ваквата ситуација покажува дека повеќе ситуацијата воопшто не е под контрола туку напротив, целата ситуација е испуштена од рака, а полошо е тоа што никој не се труди да воспостави ред.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.