Во своето вечерашно гостување во топ Тема, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски со Бујар Османи меѓу другото дебатираа и околу датумот за преговори, дали Македонија ќе го добие или нема.
Ситуацијата не е розева, како што сака да ја претстави Владтаа, има две реалоности. Едната е дека ЕУ има свои внатрешни предизвици, но втората реалност е дека Владата не и помага на европската унија, да донесе позитивна одлука, напротив и дава аргументи за негативна одлука, со сетоа тоа што се случува во изминатиот период во Македонија.
Јас сакам да сум оптимист и мсилам дека е добро државата да добие датум за почеток на преговори, но сето тоа што го имаме како сигнал досега оди во најдобар случај и насока дека би добиле предуслови кој што можевме како еден драфт да ги видиме во препораката на германскиот Бундестаг. Кој што понатака тие би биле зацврстени во рамки на европскиот совет и дури кога ќе се разлизираат тие предуслови, и после тоа ќе се определи датум за почеток на преговори, истакна Николоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.