Бројот на заболени и починати рапидно расне, а танчерите Заев , Филипче и Спасовски не можат да го менаџираат и организираат системот кој се потешко одговара на потребите на граѓаните, влеат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија е пред финансиски колапс, а Заев и Спасовски наместо да ги наградат медицинските лица кои херојски се борат и покрај неопременоста, одлучуваат да си ги наградат послушниците кои помагаа, беа сведоци и премолчуваа за рекет системот на СЈО водено од Катица Јанева, се вели во соопштението од партијата.
Ситуацијата во Република Македонија излегува од контрола, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ, и додаваат дека СДСМ треба да ја прифати подадената рака на ВМРО-ДПМНЕ.
Додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ пред неколку дена поднесе уредба со законска сила со која ќе се овозможи компаниите да добијат помош од државата во висина од 50 проценти на бруто трошоците за плата по вработен, односно најмногу до 27 илјади по вработен или последно исплатената просечна нето месечна плата за декември месец 2019-та година. Оваа помош не да важи само за месеците април и мај и да биде исплатена во месеците мај и јуни, туку да важи за месеците март, април и мај. Но уредбата од страна на Оливер Спасовски и Владата не беше ставена на дневен ред за разгледување.
ВМРО-ДПМНЕ бара под итно предложените мерки Владата да ги реализира за доброто на граѓаните и на Република Македонија:
Првата мерка е средствата кои што работодавачите за вработените ги уплаќаат во вториот задолжителен пензиски фонд, започнувајќи од први април да ги уплаќаат во првиот задолжителен државен пензиски фонд. На тој начин да обезбедат сигурна и надежна исплата на пензиите и да обезбедат ликвидноста на првиот задолжителен државен пензиски фонд. Потоа во некои подобри времиња истите тие средства да ги вратат во вториот задолжителен приватен пензиски фонд, се разбира зголемени со стапката на принос која што е еднаква на каматата на загубените парични средства.
Втората мерка е многу значајна реформа, благајничките записи кои што се стерилизирани во Народната банка, да бидат пренесени и државата да ги запише во хартии во вредност или државни записи. На тој начин ќе се овозможи директна инјекција од максимум 25 милијарди денари за македонското стопанство.
Трета мерка е интензивирање на капиталните инвестиции. Робусно реализирање на капиталните инвестиции, масовно реализирање на капиталните инвестиции.
Четврта мерка е да се отвори дискусија и дебата со претходните заемодаватели и комерцијални банки кои што веќе имаат некаков аранжман со нашата држава и министерството за финансии, да направат репрограма наместо тоа што треба оваа година да го вратиме, да го вратиме следната година или годината потоа.
Нашите граѓани мора да се чувствуваат сигурни и да знаат дека државата има капацитети да се справи со оваа состојба, се вели во партиското соопштение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.