Ја расчистивме маглата, се соочивме со реалноста. Вака премиерот Зоран Заев триумфално ја објави климавата победа по изгласувањето на доверба на неговата влада. И доколку се гледаат само кориците на книгата, така е, владеачкото мнозинство изгласа доверба. Но, каква?

Без опозицијата во салата и без ниеден воздржан или против, само неговите 62 пратеници го кренаа зеленото картонче и му кажаа „браво“. Неговото „храбро“ барање доаѓа без никаква најава, скоро подмукло и нечујно и што е најбитно – со копање на „дупка“ во Деловникот за да може уште одма да се гласа, без никаква расправа.

Театар – вака со еден збор пратениците од опозицијата ја оценија денешната седница.

Ова денеска што се случи во Собранието е еден класичен театар да не речам циркус каде на еден шверцерски начин Заев во отсуство на лидерот опозиција кој што знаете дека е во самоизолација, да си купи некој ден и тие негови пазарџиски способности особено во делот на тргување со влијанија за кои очигледно е махер, почнувајќи од почетокот на неговиот мандат пред се со пратениците да ете и денеска докаже дека е способен да пазарува во тој дел. За жал ова што го видовме денеска, најголема штета ќе имаат граѓаните на Република Македонија, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски во своето гостување во „Само Вистина“

За пратеникот Тимчо Муцунски, Заев со византиски игри ги избегнува вистинските проблеми на граѓаните.

Денес во Собранието бевме сведоци на четири пет часовни византиски игри на кои што на крајот премиерот Заев докажа дека го има мнозинството коешто го има од месец август. Гледаме сега некој триумфализам. За мене искрено да ви кажам триумфализам ќе беше денес премиерот да дојдеше пред пратениците и да кажеше дека се обезбедени 100 000 вакцини да дојдеше да кажеше дека има нов пакет на економски мерки кои што ќе спасат работни места кои што ќе спасат компании кои што се на раб на ликвидност, истакна Муцунски.

Зошто овие игри се византиски, а неговиот систем пазарџиски, потврдува и членот 93 во Уставот, кој вели дека 20 пратеници можат да поднесат повторно барање за гласање довербаво било кое време и таквата точка треба да се најде на дневен ред.

Гласањето доаѓа и во моменти кога врвот на опозицијата, меѓукои и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, во неколку наврати нагласи дека разговаат со пратеници од коалицијата на Заев и дека малку е потребно за пресврт во Собранието.

За да возврати на ваквите гласини, Заев се пофали дека тој ќе биде тој што ќе им земе пратеници на опозицијата.

Разговорите кои што се прават за привлекување на нови пратеници или политички партии се на основа на проекти. Јас верувам дека во наредниот период меѓу три и шест пратеници ќе се приклучат на парламентарното мнозинство, затоа што имаме заеднички визии, заеднички проекти, рече неодамна Заев во „Само вистина“.

Не само што немаше гласови од опозициски пратеници, туку тие воопшто не ни присуствуваа на гласањето, а во меѓувреме колаиционите партнери му делуваат самостојно, а дел од нив, како Павле Трајанов, постојано јавно се спротиствауваат на неговите политики.

Кога премиерот бара парламентот да му изгласа доверба, без расправа, тоа се вика дисциплинирање на парламентарното мнозинство.
Во тоа е убавината на демократијата, што би рекол Заев, му порача новинарот Бранко Героски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.