Далеку сме од цела разврска за случајот „Рекет“, а овој случај е важен сегмент и поради СЈО и неговото функционирање, рече професорот Гордан Калајџиев во емисијата „Што не е јасно“ на „Алфа“, каде после денешната пресуда додаде дека знаеме какво е судството кај нас предметите одат на повеќе инстанци и тоа трае и трае.

Според него сега може само да се суди за пресудата, а и истата треба да ја видиме писмено.

Вообичаено судијата треба да се осврне на клучните работи, а ние слушнавме опис, а ништо за клучните докази. Мора да ја почекаме пишаната верзија на пресудата. Многу работи се нејасни на пример што правеле на 40 рочишта кога не добиле ништо за главните факти, рече професорот.

Во контекст на кажувањето на Јовановски дека барајте ги парите од Рекет кај Вице и Зоран Заев, Калајџиев укажа дека не е чудно.

Сите знаат за капацитетот на Јанева, а и на Јовановски, затоа постои тоа сомневање за нив дека можеле да го сторат тоа сами. Има предмети слични во кои се спомнува поранешен премиер, но тука не е СЈО, ниту Јанева, рече Калајџиев.

Тој укажа дека и рекол на Јанева дека е глупаво да се слика со такви личности како Јовановски и слично, зошто беше јасно кој е сопственик на телевизијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.