Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упати дека честитка до скопскиот бискуп и апостолски егзарх во Македонија, д-р Киро Стојанов и до сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија, честитајќи им го празникот рожденство Христово на сите христијани кои го прославуваат според грегоријанскиот календар.
Божик е најсветлиот празник за секој христијанин, затоа што симболиката на овој празник е во новото раѓање и надежта за подобра иднина. Празничната вест за раѓањето на Христос нека го исполни секој дом со радост, спокој и мир, а срцето на секој верник со љубов, наведува Мицкоски во честитката.
Тој потенцира дека Божик е семеен празник кој секогаш не потсетува на христијанските и цивилизациски вредности на хуманост и подадена рака кон своите ближни, но и на оние на кои тоа најмногу им треба.
Тоа особено е важно сега во овие времиња на предизвици и премрежија кога како луѓе си требаме најмногу еден на друг, со збор или дело да си помогнеме. Вербата во Бога нека биде двигателот на секој од нас да живееме во духот на толеранцијата, взаемната почит и чесните дела. Тоа е начин на кој секој од нас, но и сите заедно ќе успееме да направиме подобра иднина за себе и своите деца. Христос се роди! Бог нека ве благослови, додава претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во честитката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.