Сите 13 пациенти на Инфективната клиника во Скопје се во стабилна состојба, идентична на вчерашната. Според министерот за здравство, Венко Филипче, само една пациентка е на механичка вентилација, со значајно подобрување, но без можност да се предвиди развојот. Сите други се со лесна слика, вклучувајќи го и 15-годишното момче.

Филипче, на прес-конференција соопшти дека седум нови лица се тестираат на коронавирус, меѓу кои и две бремени жени од Дебар. Резултатите се очекуваат.

Станува збор за пациенти од Штип, Куманово, Тетово и Кичево, кои престојувале во Швајцарија, Австрија и Германија. Неколку дена по враќањето развиле повисока телесна температура, а сега се во одделите за изолација во локалните болници. Има и едно лице од Охрид меѓу новотеститраните, но за него Филипче не соопшти ништо друго специфично.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.