Во својот говор на вчераниот централен митинг на ВМРО-ДПМНЕ и претседателскиот кандидат, Гордана Силјановска, претседателот на партијата Христијан Мицкоски, меѓу другите, директно им се обрати и на вработените во државната администрација на кои им порача дека промените доаѓаат и дека сигурноста која ја немаат, наскоро ќе дојде.
Оваа власт неоправдано ја запоставува, игнорира, истовремено и ја притиска. Се однесува нетолерантно, како нешто што природно и припаѓа. Постојано го слушам премиерот како се жали дека била неефикасна, некорисна. Но нејзината ефикасност е толку голема колку што е и ефикасноста на менаџментот во администрацијата.

Сите вие вработени сте со име и презиме и имате свое достоинство, чест и углед. Недозволувајте да бидете застрашувани, непоткелкнувајте на уцените и заканите кои знам дека ги имате. Бидете храбри и излезете и гласајте по својата волја. Зад параванот сте сами, и ниту една уцена нека не ја смени вашата одлука да одберете правда за Македонија. Промените доаѓаат, работите брзо ќе се сменат и сигурноста која сега ја немате ќе дојде. Професионалните и добрите работници секогаш ќе бидат дел од тимот кој ќе ги создава и носи промените. Слушнете ме, власта е на колена, Зоран Заев клечи и потребно е да го зададеме последниот удар. Ништо не ви можат, потенцираше Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.