Во изминатото деноноќие направени се 184 тестирања во рамките на скринингот во градинките и сите се негативни, соопшти Министерството за здравство.
Од нив, 112 се направени преку лабораторијата на Институтот за јавно здравје, а опфатени се 106 лица од Битола и шест од Велес, со што почна и тестирањето на вработените во градинките во Велес. Преку лабораторијата на МАНУ тестирани се и 72 вработени во скопските градинки.
– Согласно со денешниот извештај на ИЈЗ, со скринигот на вработените во градинките кој започна пред три дена, досега е направенo 581 тестирањe, потврден е само еден позитивен случај на КОВИД-19, сите други тестирани лица се негативни на вирусот, соопшти Министерството за здравство.
Во Битола за три дена се завршени тестирањата на сите 322 вработени во градинките и таму е регистриран единствениот позитивен случај на КОВИД-19
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.