Состојбата во општина Дебар е под контрола, редовно се врши дотур на прехранбени и други продукти, како и лекови. Место за паника нема. Се препорачува граѓаните и понатаму строго да ги почитуваат препораките на надлежните.

Ова на денешната прес-конференција го изјави градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука,кој раководи со општинскиот оператвен штаб.

Тој ифнормираше дека во домашна изолација се 45 лица, кои се котролираат дали ги почитуваат препораките, а за оние кои имаат потреба од набавка на одреден продукт, вклучена е општинската органзација на Црвен крст.

– Се уште во нашата општина се 110 лица од други градови од земјата, меѓу нив и странски државјанин кои биле на бањско лекување и рекреација. Сместени се во хотелите на „Дебарски бањи – Цапа“, а трошоците за тоа ќе ги плати Владата, рече Дука.

Посочи дека  во Општата болница во Дебар има посебен стационар каде моментно се сместени пет пациенти со лесна форма на коронавирус.

– Денеска ќе пристигне професор – инфектолог и епидемиолог од Скопје, а ние во Дебар имаме еден епидемилог, двајца инфектолози и микробиолог, кои заедно ќе работат во пружање потребна помош и справување со сосотојбата, додаде Дука.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.