Бројот на заразени од КОВИД-19 застрашувачки расте и секој трет тестиран граѓанин во државата е позитивен на вирусот, а по дваесетина луѓе дневно умираат како последица на истото, но тоа за Владата не е доволна причина да го откаже пописот како што направија многу по развиените земји со разумни влади.
Додека Комисијата за заразни болести директорот на ДЗС и Владата се договорат кој е тој кој треба да предложи одложување на пописот може да биде доцна, доколку се има во обзир крајно сериозната ситуација во која се наоѓа државата каде само во последните 4 дена како последица на КОВИД-19 животот го загубиле 84 лица.
Директорот на ДЗС, Апостол Симовски во интервју за МИА вели дека до одложување на пописот само доколку за тоа даде препорака Комисијата за заразни болести и дека таквата одлука не е во делокруг на Државниот завод за статистика.
Оваа одлука не е на Државниот завод за статистика. Доколку Комисијата за заразни болести оцени дека состојбата е таква и им препорача на Кризниот штаб и Владата и се донесат соодветни одлуки за одложување на пописот, ние ќе ги почитувани сите донесени одлуки. Засега се раководиме според постоечкиот оперативен план“, рече Симовски
Но, од друга страна претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски кој до сега е познат по тоа што игра како што ќе свират од Влада и за оваа операција која во вакви услови може да резултира со катастрофални последици по здравјето на граѓаните, се прогласува за ненадлежен па останува нејасно кој е тој кој треба да ја процени здравствената ситуација и да превземе таков чекор.
Предлог протоколот беше побаран и ние го направивме. Понатаму државните институции ќе одлучат дали ќе има или нема да има попис, на кој начин ќе се спроведува…, а ние дадовме повеќе опции за спроведување на пописот, рече Караџовски пред некој ден на прес-конференција.
Тоа што онлајн апликацијата за попишување има многу слабости, како тоа што дозволуваше пристап со 13 нули место матичен број и последната информација дека можат да се попишуваат и починати лица е тежок пропуст и уште еден доказ дека пописот нема да биде кредибилен и дека Владата треба да го одложи за истиот да се оддржи во нормални услови во кои нема да се загрозува здравјето на граѓаните и истовремено ќе может да се елиминираат слабостите на системот за пописот да биде кредибилен.
Вчера, Ицо Најдовски Перин кој е уредник и водител на програмата на македонски јазик на радиото кое емитува програма за Македонците во Мелбурн, преку видео кое го објави илустрираше дека апликацијата за онлајн попишување без никаков проблем му дозволила да ја попише неговата покојна мајка. Ова е сериозен пропуст на апликацијата што само покажува какви сѐ злоупотреби можат да се направат за пописот и дека истиот треба веднаш да биде стопиран од многу причини.
Почитувани Македонци ќе се обидам да илустрирам а со тоа да докажам дека пописот не е валиден и не е легален. Имено, на овај попис може да се попишуваат и починатите лица кои се во странство. Следете ме и коментирајте и кажувајте и ваши примери дека пописот е договор на Заев со Ахмети за распределба на парите и зголемување на бројот на Албанците, објави Најдовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.