СДСМ вчера со голема помпа ги промовираше изборните листи за изборите на 12 април. Но, еуфоријата спласна откако се прочитаа имињата на кандидатите во шесте изборни единици.

 

Иако се очекуваше да излезат со нови, некомромитирани кадри, Заев се одлучи да ги номинира неговите најблиски соработници плус новиот коалициски партнер Касами.

Како што дознаваме изборот предизвикал големо незадоволство, како внатре во СДСМ, така и меѓу коалициските партнери.

Заев истите места им ги ветувал на повеќе луѓе и тие верувајќи му на зборот веќе се гледале на позиции со кои со сигурност ќе станат пратеници.

Па така се уште не утврдено дали во петата изборна единица на шестото место е Енес Ибрахим од ТХП или Фијат Цановски од ПЕИ. Но, ветување дека ќе биде на таа позиција добил и Бабовски од  партијата на Власите.

Незадоволство во СДСМ има и од тоа што на листите се ставени и неколкумина кандидати кои беа во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ како Зекир Рамчиловиќ и Панчо Минов.

Конечната потврда на изборните листи органите на СДСМ ќе направат денеска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.