Сите нешто се фатија за мафтањето со орлите, познат и дискутиран феномен, јас ќе се фатам за друг, според мене, далеку посериозен, пишува Каролина Ристова Астеруд, коментирајќи ја фотографијата на која лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, „лета орли“ со жителите од селото Стари Град, општина Чашка.
Каде се жените, каде се ученичките на фоткава? Нема ли женско челаде во селото? Подолна категорија се? Не се за сликање? Не се за по јавност и јавен живот? Во подрум да не се, по дома заклучени? Да не е тоа случајно по логики за полова сегрегација односно полов апартхејд, како императив, дали на правците на исламскиот екстремен религиозен конзервативизам и фундаментализам, дали на политичкиот ислам/исламизмот?
Така да, Зијадин Села, на промоција, проекција и поддршка на какви политички агенди всушност ти работиш во сред Европа?! На какво тоа политичко „образование“, па и вака преку фото-политички проекции и имиџи?!, прашува професорката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.