Сите пријавени граѓани се евакуирани од Авганистан и во моментот нема информации за наши државјани кои се во загрозувачка ситуација или на кого му е потребна асистенција за евакуација.

Според последните информации, сите граѓани кои биле пријавени за евакуација и евидентирани како наши граѓани, веќе го имаат напуштено Кабул и во моментот се наоѓаат на неколку локации.

Најголемиот дел, преку 30 наши граѓани се наоѓаат во Велика Британија, над 20 граѓани се во Доха, Катар, од каде во наредните денови ќе бидат транспортирани кон европските центри. Нашите граѓани кои се наоѓаа во НАТО базата во Кабул вчера го напуштија Авганистан и се наоѓаат во Осло, Норвешка.

Во НАТО базата во Кабул се останти само оние кои се уште ги извршуваат своите обврски, а чија евакуација ќе се одвива согласно распоредот за повлекување од самата база.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.