Доколку не се појави нешто неочекувано, досега e успешно извлекувањето на нашите граѓани од Кабул. Успеавме да ја извлечеме најголемата група на наши граѓани кои беа во Кабул – информира министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Македонските граѓани кои беа регистрирани на аеродромот во Кабул, Авганистан, се качени на воените летови и трансферирани во Доха (Катар) и Абу Даби (ОАЕ). Сите наши граѓани се на безбедно, а дипломатската мрежа на Министерството за надворешни работи во овие земји е во директен контакт и тие наскоро продолжуваат кон Скопје.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, вчера соопшти дека педесетина граѓани на Македонија се префрлени од Кабул во Доха и во Абу Даби, а уште 19 наши граѓани се на пат за Доха. Сите потоа со редовни цивилни летови преку Катар и Лондон треба да се вратат во земјава.
Според последните информации, 14 наши граѓани сѐ уште се наоѓаат во НАТО базата во Кабул, а дел од нив се очекуваше вчера да бидат безбедно транспортирани. Тројца остануваат во НАТО базата, согласно нивниот распоред на обврски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.