Еден од градските градови во Македонија, место со душа, град со карактер, но за жал… се повеќе празен град. Секогаш кога доаѓам во Битола,има се помалку луѓе по улиците, се помалку жагор, и се повеќе луѓе ја бараат својата среќа надвор од земјата.
За сето ова се виновни тие кои сега се преставуваат дека се најдобри. Но има и нешто што од нас зависи. Од нас зависи иднината.
Секаде каде што до сега отидов видовме градоначалници кои се мали Зоранчиња, само тука во Битола, велат Вице за градоначалник! – го започна својот говор лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицскоски, на митингот во Битола, каде се претставува кандидатот за градоначалник, Коњановски.

Мицкоски вели дека Битола му паднал на батето и сакаат да го прават Стентон град оти РЕК им бил интересот.

Си се имаат поделено. Еден град за него, еден за бате. Е овој во Битола му паднал на батето, зошто Рек им е интересот. И решиле да ја прават Битола Стентоград. Рецептот им е Струмица. Таму Заевци главни, овде сакаат стентовци да се главни, подизведувачи на првиве. А притоа актуелнава градоначалничка чиј најголем дострел беше дрвено мовче сакаат да ни ја избришат од колективната меморија, небаре не се знае дека цело СДСМ-Битола е лице и опачина на Зоран Заев.
И кога сме кај него, иако е тешко време дозволете да ви кажам една шега што се раскажува овие денови во државава. Сега кога пред некој ден бил Заев во Битола, тука пред Епинал некој граѓанин паркирал кола баш на местото каде требало и Заев да дојде со новото BMW, и доаѓа полицаец и му вика ама господине тргнете ја колата овде доаѓа премиерот. На ова сопственикот на автомобилот со благодарност му одговорил на полицаецот- од такви на време се спасив, затоа колата ја заклучив, има и аларм, а за недај Боже се вклучува и камера. И малите деца знаат дека волкот влакното го менува, а карактерот не. И Дали биле Заевци, Вицевци или Стентовци тоа е едно исто и дека се заедно мора да биде поразено.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.