На социјалната мрежа Фејсбук се појави селфи видео од самиот пратеник Кастриот Реџепи кој од утрово е недостапен.

Тој вели дека е добро и откако ќе поминат заканите ќе раскаже се што се случило.

Стабилноста и безбедноста на државата, како и мирот и благосостојбата на нашиот народ мора да ни бидат најважни од се.  Билал Касами и другите, да не се грижат за мене.
Јас сум на сигурно, на вистинската страна, на страната на албанскиот народ и на страната на сите граѓани во  Македонија кои сакаат мир, стабилност и демократија. Јас сум со ЕУ и НАТО, а не со анти-албанците.

Ви го зборувам ова со чиста совест, а штом ги одминам ризиците кои ми доаѓаат како закана од некои индивидуи, ќе одговарам и на сите прашања на медиумите.

До тогаш, да живеат слободата и демократијата. Да живеат Албанците, Македонците и сите други граѓани на  Македонија, вели Реџепи во видеото.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.