Ги сакам децата и од срце присуствувам на настаните поврзани со нив, како денешниот „Растеме здрави деца“ во организација на здружението „Видливост“, а со финансиска поддршка од општина Струмица, вели градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов.

Ме радува што размислуваат и креираат на теми од заштитата на животната средина и унапредувањето на здравјето. Проектите на оваа тема, а посебно кај децата од основното образование, секогаш ќе ја имаат мојата поддршка, затоа што здравите и поучни навики се стекнуваат од мали нозе.
Во рамките на овој проект сите водоводни чешми во основното општинско училиште „Никола Вапцаров“ ќе бидат заменети со модерни технолошки решенија, а десет училници ќе бидат снабдени со прочистувачи на воздух, што значи многу во овој период кога се зголемува загадувањето на амбиенталниот воздух.
Од срце за здравјето на децата – иднината на Струмица, пишува тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.