Човек болен од Ковид-19 со часови чекал брза помош да дојде во неговиот дом во Маџари за да го однесе во болница.

Како што на социјалните мрежи објави новинарката Мирослава Бурнс, 64-годишниот скопјанец, освен Ковид-19, имал и шекерна болест, како и поставен стент.

Додека чекал медицинска помош, тој се гушел и имал панични напади.

За жал, овој скопјанец залудно чекал помош од државата и здравствениот систем. Како што неколку часови подоцна објави Бурнс, тој починал кога бил донесен на Инфективната клиника.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.