Александар Верушевски, синот на советникот за национална безбедност на Владата, Зоран Верушевски, е соговорникот на Зоран Заев на четири аудио снимки кои на 9 мај се појавија на каналот јутјуб од авторот „Бошко Буха“.
Лидерот на СДСМ, одговарајќи на новинарско прашање, денеска рече дека разговорот е од пред 4 години, кога Александар бил на ручек кај него во Струмица.
Запрашан какви се односите меѓу него и Александар Верушевски, тој кажа дека е во добри односи, како и дека е близок со неговото семејство.
Во врска со прашањето во врска со соговорникот кој ме снимал, тоа е господинот Александар Верушевски. На ручек кај мене во Струмица, тоа е летото 2016 година. Овде, седиме и ручаме и видов дека ме снимал. Разговорот јасно покажува кој е. Не беше тоа пред 100 години, беше пред 4 години од денеска наназад гледано. Ние сме во добри односи. Секој со својата одговорност. Јас сум пријател со сите. Тој така одлучил, така направил. Јас сум многу близок со неговото семејство, ги сакам неговите дечиња. Со професорот Верушевски сум пријател, тој е претседател на нашата Комисија за внатрешна безбедност во државата, советник во Кабинетот за национална безбедност. Соработувам, но еве, така одлучил мојот пријател Александар и така направил – рече Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.