Синдикатот на машиновозачи на Македонија (СММ) при  Железници Транспорт денеска соопшти дека упатил барање до министерствата за внатрешни работи и за транспорт и врски, како и до Владата, за заштита од, како што наведуваат, непотребните дополнителни психолошки тестови на машиновозачите по секоја сообраќајна несреќа иако тие ги поминале на задолжителните лекарски прегледи.

-Во последно време се јавуваат вонредни настани кои настануваат не по наша вина туку по вина на други субјекти и поради тоа доаѓа до непотребно малтретирање на машинскиот персонал од страна на МВР и или претставници од ЈО. Не носат за крвна анализа и ни прават дополнителни психолошки тестови, а ние веќе имаме извршени лекарски прегледи од страна на стручни лица од ПЗУ Превемед, при што добиените резултати се доставуваат во нашата компанија. Бараме заштита од Ваша страна во овие случаи  за да не доаѓа до непотребно малтретирање на машинскиот персонал и непотребни  стресови, стои во барањето од Синдикатот.

Од Железници на РСМ Транспорт ад Скопје за МИА изјавија дека се работи на надминување на состојбата преку нивните служби и оти се во комуникација и координација со  Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство за надминување на проблемот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.