Синдикатот на полицијата упати барања до министерот Оливер Спасовски за подобрување на условите за работа на вработените во МВР.
Барања за подобрување на условите за работа на вработените во МВР
Господине Министер Оливер Спасовски
Почитувани вработени во Министерството за внатрешни работи
Анализирајќи ги проблемите со кои се соочуваат вработените во МВР, мораме да констатираме дека истите секојдневно се соочуваат со многубројни проблеми кои секако реално треба да претпоставиме дали истите секојдневно се зголемуваат. Проблемите се комплексни иако во изминатиот период од 2020 година до денес до двајцата Министри за внатрешни работи Синдикат на Полиција во Македонија има испратено десетици писма со барање за подобрување на правата на вработените и условите за работа. Имајќи во предвид дека се работи за релативно краток период од нашето постоење само би навеле дел од проблемите со кои бараме и сметаме дека треба да се решат во наредниот период а притоа да не зависи од некоја гломазна процедура.
Од тие причини предлагаме и Бараме
Да се провери зошто и кој не дозволува да има унапредување во службата на припадници кои законски ги исполнуваат сите услови за унапредување, зошто не се почитува Правилникот за системот на кариера во МВР,
Донесување на НОВ Колективен договор на вработените во МВР со активно учество на СПМ во истиот и воведување подобри права за вработените од постоечкиот договор,
Воведување на задолжително исплаќање на трошоци за превоз на сите работници распоредени надвор од местото на живеење без нивно барање, правото на платено отсуство до 7 дена и дополнителна бонус плата над три месеци,
Добивање на решенија на сите помлади полицајци кои работат во Министерството повеќе од 2 години,
Итна и целосна набавка на униформа (а не само делови од униформа) и конечно ставање во употреба „ваучер системот“,
Стоп за секојдневни неосновани дисциплински постапки заради пресметка со неистомислениците и професионалците, да се прекине со мобингот,
Стоп за злоупотреба за распоредот за работа во ПС и ПО,
Решавање на проблемите околу недостигот на возила во орг.единици,
Формирање на комисија која ќе има задача да ја скенира состојбата со полициските станици каде условите за работа се повеќе од лоши,
Да се прекине со незаконското изготвување и давање на писмени наредби на работници повеќе од еден месец согласно Законот за внатрешни работи,
Стоп за гонењето на синдикалните преставници на СПМ,
Да се прекине со издавањето на незаконските решенија односно работниците кои се распоредуваат надвор од местото на живеење без нивно барање основот да биде согласно член 113 од ЗВР….
Списокот со барања и детектирање на проблемите не завршува тука, но време е да започнете проблемите да ги решавате дел по дел….ИТНО
Министре, време е за обединетост, сплотеност во интерес на нашата професија време е да покажете дека секој вработен има свој живот, своја чест, своја гордост, свое достоинство. Се со една цел:
Враќање на ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ на вработените во МВР
Барања за подобрување на условите за работа на вработените во МВР📌
Господине Министер Oliver Spasovski, почитувани…
Posted by Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ on Monday, 22 March 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.